Штом ќе зажари неба источни
Сонце образ ми позлатува
Ко да праќаш ти тајни бакнежи
Место писма од далечина
А кога од збудалени ветрој западни
Брезите ќе се расчешлаат
Мислам дали пак негде, некогаш
Твоите коси ќе ме покријат?
Зад Радишани штрчат планини
Ноќе над нив ѕвезда најсилна
Ѕвездо северна, дал' е неверна
Ил' си само солза нејзина?
Пролет секоја птица некоја
В грло носи песни љубовни
И со твојот глас тагува за нас
Заедно што не сме јас и ти